Љубљана, 24 февруари 2017 (МИА) - Во Словенија денеска стапува во сила новиот Закон, со кој геј двојките ќе имаат исти права како и хетеросексуалните двојки, но не им е дозволено да посвојуваат деца.
- Првата свадба меѓу две жени ќе се одржи в недела во Марибор, изјави шефицата на брачната служба во Марибор, Ксенија Клампфер.
Таа посочи дека е многу среќна и горда што ќе го склучи првиот истополов брак.
- Ние веруваме дека таквите браккови се важен чекор за формирање на инклузивно општество, во кои луѓето ќе имаат еднакви права.