Неизвесен статусот на Британците во Германија по „Брегзит“

Берлин, 24 февруари 2017 (МИА) - Според документ подготвен од Европската Унија до кој дошле британските медиуми, Британците кои што ќе останат да живеат во Унијата по заминувањето на нивната држава, се соочуваат со неизвесна иднина. Според документот, секоја земја членка индивидуално ќе решава за престојот на Британците а ситуацијата засега е најкомплицирана во Германија каде што живеат околу 100 илјади државјани на кралството, јавуваат германските медиуми.
Минатата година, по референдумот во Британија, тогашниот вицепремиер Зигмар Габриел на Британците кои што живеат во Германија им понуди брза програма која што може да го скрати патот до државјанство но сегашните позиции на министерството за внатрешни е дијаметрално спротивни,. Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин идниот престој на Британците во Германија ќе зависи од карактеристиките на секој индивидуален случај а големо влијание на ситуацијата ќе има и односот на Велика Британија кон Германците и другите државјани на ЕУ членки по Брегзитот.
„Германската влада сеуште не донесла заклучок во врска со позицијата за легалниот статус на британските државјани откако Велика Британија ќе ја напушти ЕУ“, е формалниот одговор на германското министерство за внатрешни работи на прашање на медиумите.
Извештајот предупредува дека односот на Лондон кон државјаните на ЕУ може да го направи потежок животот британските жители во ЕУ. Тоа значи дека дури и ако сете во брак со германски државјанин тоа не е гаранција дека ќе добиете престој во Германија предупредуваат авторите на извештајот. Според него во Велика Британија има пораст од 50 % во однос на бројот на Европјани што сакаат да добијат британско државјанство но процесот е екстремно тежот при што треба да се пополни барање кое што има 85 страници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...