Гватемала го зароби „бродот за абортуси“ на холандската група „Жени на брановите“

Гватемала Сити, 24 февуари 2017 (МИА) - Гватемалската морнарица го зароби бродот на холандската група за женски права „Жени на брановите“ на кој , во меѓународни води, беа извршувани абортуси на Гватемалки, јави Би-Би-Си.
Оваа холандска хуманитарна и непрофитна група, бесплатно, им помагаше на девојките и младите жени од Гватемала да ја прекинат бременоста.
Во сите земји од Централна Америка, како и во речиси сите земји од овој дел од светот, под притисок на католичката црква, абортусот е забранет, освен во ситуации кога бременоста го доведува во опасност животот на жената.
Во соопштението на армискиот врв се вели дека за операцијата добиле налог од гватемалскиот преседател Џими Моралес, за чија одлука се вели дека имала за цел да го одбрани „правото на живот“ ( на фетусот), како и да ги заштите законите во земјата.
Постапката против „бродот за абортуси“ како што е наречен во домашната јавност, била поттикната од католичката црква , како и од кампањата на конзервативните пратеници кои барале од владата да интервенира против „бродот на смртта“.
Малиот брод сега е укотвен во гватемалското пристаниште Сан Хозе и според домашните медиуми, мали се шансите бродот да им биде вратен на хуманитарната група, за да исплови од Гватемела.
Бродот впловил во гватемалските води, затоа што претходно имал добиено дозвола од властите.
Преставникот на групата, Летиција Зевич изјавила за локалниот весник „Ла Хора“ дека „Жени на брановите„ ги почитуваат религијата и верските уверувања, но дека во овој случај станува збор за демократските слободи.
Секоја година, во Гватемала се смета дека се извршуваат по околу 60 илјади илегални абортуси, сите со голем ризик за животите на жените.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...