Унгарија започна со изградба на втора ограда на границата со Србија

Будимпешта, 27 февруари 2017 (МИА) - Унгарија почна да ја гради втората ограда на границата со Србија, со цел да го запре мигрантскиот бран во земјата, потврди денеска портпарол на унгарската Влада.
Властите во Унгарија веќе изградија ограда долж границата со Србија и Хрватска во 2015 година, а втората ограда, според нив, е потребна бидејќи оваа година се очекува поголем број мигранти да пристигнат до унгарската граница.
Шефот на кабинетот на унгарскиот претседател, Јанош Лазар изјави минатата недела дека Владата издвоила 130 милиони долари за изградба на ограда и кампови за мигранти.
Тој тогаш најави дека втората ограда, која засега ќе биде само на српско-унгарската граница, ќе биде изградена штом дозволат временските услови и завршена до крајот на пролетта.
Активистите за заштита на човековите права остро ја критикуваа унгарската миграциска политика, вклучувајќи ги и мерките со кои барателите на азил ќе се сместуваат во притворски кампови на границата додека не биде решено нивното барање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...