Џон Мејџор со критика поради нералните очекувања од Брегзит

Лондон, 28 февруари 2017 (МИА) - Поранешниот британски премиер Џон Мејџор остро ги критикуваше подготовките на Велика Британија за излегување од Европската унија, нагласувајќи дека Владата треба да понуди „поголема убедливост и помала евтина реторика“, доколку сака да постигне добра спогодба.
Мејџор, кој ја предводеше владата на конзервативците од 1990 до 1997 година ги обвини политичарите, кои го поддржуваат Брегзит дека им создаваат нереални очекувања на Британците за живот надвор од ЕУ.
Во говор во лондонскиот центар за надворешно-политички истражувања „Четам хаус“ поранешниот премиер ја означи како мошне оптимистичка целта на Владата за две години да ги уреди усовите за одвојување од ЕУ и да изгради нови односи со Унијата.
Мејџор нагласи дека на избирачите треба да им се даде поточна претстава за „траењето и сложеноста на големиот настан, кој претстои“.
Тој рече дека постои реална опасност Велика Британија да не добие спогодба за слободна трговија со ЕУ, која Владата ја сака.
Мејџор уште предупреди дека напуштањетпо на 28-члената Унија ќе го ослабне гласот на Велика Британија во светот и ќе ја направи позависна од новиот претседател на САД, Доналд Трамп.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...