Габриел: Членките на НАТО немаат обврска да издвојуваат два отсто од својот БДП

Талин, 1 март 2017 (МИА) - Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел денеска во Естонија изјави дека во НАТО не постои согласност за обврската секоја држава членка за одбраната да издвојува два отсто од бруто домашниот производ.
Габриел тврди дека членките на Алијансата само се договориле дека треба да вложат напори за исполнување на оваа цел, пренесоа британските медиуми.
Тој, истовремено, изрази загриженост дека политичарите даваат ветувања кои подоцна не можат да ги исполнат.
-Нема неспорна цел од два отсто, но треба да се движиме во тој правец, порача Габриел на почетокот од својата посета на Балтичките земји.
Германија во моментов за одбрана издвојува 1,2 отсто од БДП.
На самитот на НАТО во Велс, во 2014 година, членките се договорија да го прекинат повеќегодишното намалување на буџетот за одбрана, што Европјаните ги остави без „витални можности“.
Тие се согласија дека сите сојузници треба да ја исполнат целта која подразбира вложување за одбраната по два отсто од својот БДП секоја година се до 2024 година, иако оваа цел не е правно обврзувачка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...