Пo три години прв контакт на високо ниво меѓу НАТО и Русија

Москва, 3 март 2017 (МИА) - Претседателот на Воениот комитет на НАТО, генерал Петар Павел и началникот на Генералштабот на руските вооружени сили Валериј Герасимов денеска телефонски разговараа штп е прв контакт на високо ниво по замрзнувањето на односите на Алијансата со Русија, соопшти руското Министерство за одбрана.
Разговорот бил на иницијатива на Алијансата, која ги замрзна односите со Москва во април 2014 година по анексијата на Крим од страна на Русија.
Генералите разговараа за безбедносни проблеми, спречување на инциденти и учество на претставници на Алијансата во меѓународни иницијативи организирани од руското Министерство за одбрана.
- Началникот на рускиот Генералштаб го привлече вниманието на соговорникот за нашата вознемиреност, поврзана со интензивирањето на воената активност на НАТО во близина на руската граница, а исто и за поставување на системот на Обединетите вооружени сили на Северноатлантската алијанса, се посочува во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Исто така, се наведува и дека двете страни ја потврдиле неопходноста од заеднички чекори насочени кон намалување на тензиите и за стабилизација на ситуацијата во Европа.
Двајцата генерали се договорија за продлжување на слични контакти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...