Пред Судот во Хаг почна процес по тужбата на Украина против Русија

Хаг, 6 март 2017 (МИА) - Во Меѓународниот суд на правдата во Хаг денеска почна процес по тужбата на Украина, со која ја обвинува Русија за „финансирање на сапартистичките бунтовници во Донбас и за дискриминација на Татарите и Украинците на Крим“.
Киев со тужбата бара и Москва да му исплати отштета за соборувањето на малезискиот авион на релација Амстердам - Куала Лимпур, што се урна во 2014 година во источна Украина. Истрагата утврди дека авионот се урнал откако врз него била истрелана ракета „земја-воздух“. При падот на авионот загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.
Како што јави ТАСС, во украинската тужба се бара додека трае процесот Судот да и воведе „времени санкции“ на Русија, кои би опфатиле и забрана за финансирање и помагање на сепартистите во источна Украина и запирање на дискриминацијата на кримските Татари.
Неименувани извори во Судот соопштија дека прво ќе биде разгледувано барањето за „времените ограничувачки мерки“, а дека дури потоа ќе почне разгледување на суштината на тужбата.
Руската одбрана во процесот ја претставува тим од 35 лица, предводени од шефот на Оддекот за правни работи при Министерството за надворешни работи на Русија, Роман Колдикин, додека Киев го застапува правна екипа предводена од заменик шефот на украинската дипломатија Олена Зеркал.
Украина ја поднесе тужбата против Русија на 16 јануари годинава, тврдејќи дека Москва ги прекршила конвенциите на ОН за спречување на финансирањето на трероризмот и за укинување на сите форми на расна дискриминација.
Во своето воведно обраќање Зеркал ги изложи обвинувањата на Киев, посочувајќи дека Москва „финансира тероризам“ со тоа што им „доставува оружје, муниција и финансии на сепаратиситичките бунтовници“ во источна Украина, како и дека по анексијата на Крим врши дискриминација на „лицата од неруска рационалноста“.
- Овој процес ќе треба да покаже дели меѓународниот правен поредок може да се справи со моќни земји, кои не ги почитуваат законите и човековите права, изјави Зеркал.
Во текот на утрешниот ден предвидено е свое воведно обраќање да има претставник на рускиот правен тим.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...