Холандија: Специјалците имале дозвола да пукаат во турскиот Конзулат

Ротердам, 14 март 2017 (МИА) - Градоначалникот на Ротердам Ахмед Абуталеб изјави дека специјалните вооружени безбедносни сили, кои во саботата навечер ги испратил во турскиот Конзулат, каде се наоѓала турската министерка за семејство и социјална политика Фатма Бетјул Сајан Каја, имале дозвола да отворат оган доколку има потреба.
Абуталеб синоќа наведе дека испратил специјална единица за вооружени интервенции во турскиот Конзулат поради стравување дека дванаесетчленото обезбедување на турската министерка можеби е вооружено.
- Беше важно да бидеме сигурни дека во случај да дојде до судири, ќе бидеме надмоќни, нагласи Абуталеб, додавајќи дека на холандската специјална единица и била дадена „дозвола да отвори оган“.
Турската министерка во неделата, рано наутро, во полициска придружба беше испратена од Холандија до границата со Германија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...