Берлин ќе ги казнува социјалните мрежи за неспречување клевети и лажни вести

Берлин, 14 март 2017 (МИА) - Германското Министерство за правда предлага казни до 50 милиони евра за компаните сопственици на социјални мрежи, кои нема брзо да ги бришат клеветите, навредите и т.н. „лажни вети“ од профилите на корисниците, јави дописникот на МИА од Берлин.
Планот, кој денеска го презентираше германскиот министер за правда Хајко Мас, предвидува компаниите да креираат специјални сервиси кои што би работеле 24 часа на ден за да ги откриваат незаконските содржини, по што во рок од седум дена сите маркирани несоодветни објави треба да бидат отстранети од социјалните мрежи.
Според Мас, дел од социјалните мрежи веќе презеле доброволно мерки за спречување на овие појави, но тоа не е доволно.
Мас цитираше резултати од истражување, според кое, социјалната мрежа „Твитер“ избришала само 1 отсто од објавите што корисниците ги оцениле како нелегални, а „Фејсбук“ отсранил околу 39 проценти од навредливите и лажни постови.
Според планот, компаниите ќе мораат да ги избришат и сите копии од нелегалните постови со цел тие да не се појавуваат на други мрежи или на интернет страници, а ќе мораат на секои три месеци да објавуваа извештаи како се справиле со спорниот материјал.
Секоја социјална мрежа ќе мора да именува лице одговорно за поплаките од корисниците, кое лично ќе се соочи со казна од пет милиони евра ако компанијата не го почитува законот.
Според Министерството за правда на Германија, предложените мерки содржани во законот што треба да биде одобрен од Бундестагот, нема да влијаат на слободата на говорот.
Германската Влада нема планови за формирање на т.н, „комисија за вистина“ што требаше да се бори против „лажните вести“, но според министерот Мас доколку лажните вести содржат навреди или клевети, социјалните мрежи ќе одговараат согласно законите на државата.
Фејсбук, кој засега одби да ги коментира предлозите на германската Влада, упте предходно најави дека до крајот на годинава во Берлин ќе биде формирана група од 700 вработени кои ќе ги прегледуваат сите посочени спорни објави.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...