Европскиот суд дозволи забрана за носење на шамии на работните места (ДПЛ)

Луксембург, 14 март 2017 (МИА) - Европскиот суд на правдата денеска пресуди дека приватните компании на своите вработени кои работат со клиентите, имаат право да им забранат да носат видливи религиозни и политички симболи на работните места, вклучително и исламски шамии за покривање на главата.
Според Судот со седиште во Луксембург, внатрешните правила на компаниите со кое се забранува носење на каков било видлив политички, филозофски или религиозен симбол, не претставува директна дискриминација.
Судот одлучи дека волјата на работодавците да се прикажат како неутрални пред клиентите, како од јавниот, така и од приватниот сектор, претставува легитимна цел, особено кога станува збор за работниците кои имаат контакти со клиенти.
Според Судот, ваквата определба на компаниите е израз на слободата на стопанската иницијатива.
Европскиот суд на правдата ваквата пресуда ја донесе по жалбите на на две жени од Белгија и Франција, кои биле отпуштени бидејќи одбиле да ги симнат исламските шамии од главите.
Ова се први вакви случаи пред Европскиот суд на правдата.
Како што јави дописникот на МИА од Луксембург, со ваквата пресуда на Судот комапниите во Европската унија добиваат зелено светло да ги демотивираат нивните вработени од носење исламски шамии и други видливи религиозни или политички симболи под одредени услови.
Ова одлука на највисокиот суд на Европската унија претставува и поддршка за оние кои се залагаат за секуларни општества.
Институтот Отворено општество на Џорџ Сорос, кој застана зад поднесените тужби, оцени дека пресудата „ги ослабува гаранциите за еднаквост утврдени со законите на ЕУ за недискриминација“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...