Парламентарни избори во Холандија

Амстердам, 15 март 2017 (МИА) - Државјаните на Холандија денеска ќе гласаат на парламентарните избори, каде ќе учествуваат 28 партии, односно 1.114 кандидати кои ќе се борат за 150 пратенички места.
Право на глас имаат 12,9 милиони жители.
Аналитичарите наведоа дека главната битка ќе се води меѓу Либералната партија (ВВД) на холандскиот премиер Марк Руте и Партијата за слобода (ПВВ) на екстремниот десничар Герт Вилдерс.
Се очекува дека следната холандска влада ќе биде коалициона, а повеќето партии се изјаснија дека не сакаат да коалицираат со ПВВ.
Иако со месеци се наоѓаше на првото место, Вилдерс падна на второто место и сега има помала поддршка од граѓаните во однос на холандскиот премиер.
Имено, Вилдерс се залага за затворање на џамиите, забрана на Куранот, затворање на границите и излез на Холандија од Европската унија.
За победа на изборите во Холандија потребно е да се добијат 76 пратенички места.
Последните анкети покажаа дека ВВД може да освои меѓу 23 и 27 места, а антимиграциската партија на Вилдерс може да смета најмногу на 23, од вкупно 150 пратенички места.
Благодарение на сложениот пропорционален изборен систем во Холандија, дури и малите партии можат да се изборат за одреден број на пратенички места и да добијат важна улога во формирањето на новата влада.
Во обид да привлече одредени приврзаници на Вилдерс и холандскиот премиер Руте им порача на граѓаните на Холандија, кои имаат миграциско потекло, да се однесуваат нормално и да се прилагодат на холандските вредности или да заминат од земјата.
Најголемата дебата за време на предизборната кампања се водеше за здравствената заштита, пензиите и условите за работа.
Иако официјалните резултати од изборите треба да бидат соопштени на 21 март, а новиот холандски парламент воспоставен два дена подоцна, преговорите за формирање влада можат да потраат дури и неколку месеци.
Аналитичарите оценуваат дека Руте ќе формира коалициска влада со Демохристијанската партија (ЦДА) и прогресивната партија Д66, но и дека малите партии, како Зелена левица, можат да одиграат голема улога во формирањето на новата холандска влада.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...