Челик: Време е да ја преиспитаме спогодбата со ЕУ

Анкара, 15 март 2017 (МИА) - Турскиот министер за ЕУ, Омер Челик, порача дека е време Турција да ја преиспита спогодбата за миграцијата со Унијата, бидејќи, како што наведе, стана јасно дека таа нема да заземе праведен став кога станува збор за нејзиното ветување дека на Турците ќе им ги укине визите.
Челик ова го соопшти доцна синоќа за британските медиуми, порачувајќи дека холандските инвестиции во Турција не се загрозени од неодамнешниот дипломатски спор меѓу двете земји.
Гневот на Анкара, објасни турскиот министер, е насочен кон холандската Влада, а не кон холандскиот народ, нити кон компаниите.
Иако потпретседателот на турската Влада соопшти дека Турција на Холандија може да и воведе и економски санкции, тој нагласи дека Анкара ги повикува стопанствениците од цел свет со пораката дека Турција е безбедна земја за инвестиции.
-Овој повик се однесува и на холандските бизнисмени кои инвестираат, работат и отвораат работни места во Турција. Тие дефинитно не се дел од кризата, рече Челик.
Тој прецизира дека приватниот сектор, деловниот свет, туристите и холандскиот народ не се дел од новонастанатата криза.
Турција во понеделникот ги суспендира дипломатските односи на високо ниво со Холандија, протерувајќи го амбасадорот на оваа земја и забранувајќи го слетувањето на авионот со дипломати во знак на одмазда заради тоа што Холандија им забрани на министрите од Анкара да им се обратат на Турците кои таму живеат на собирите по повод претстојниот турски референдум за проширување на ингеренциите на претседателот.
Холандија и Германија ги забранија ваквите собири, повикувајќи се на причините поврзани со јавната безбедност, потсетуваат британските медиуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...