Руте: Му кажавме стоп на погрешниот популизам

Амстердам, 16 март 2017 (МИА) - Веројатно нашата партија по трет пат ќе биде најголемата во Холандија, изјави холандскиот премиер Марк Руте пред своите поддржувачи, кои се собраа во Хаг со цел да ја прослават неговата победа.
- Ова е вечер, во која Холандија - по Брегзитот и по американските избори, кажа „стоп“ на погрешниот популизам, истакна Руте.
При преброени околу 75 отсто од гласовите неговата Либералната партија (ВВД) се очекува да има 32 места во Холандскиот парламент, што брои 150 места.
Тоа е за девет места помалку од претходниот мандат, но и покрај тоа се смета за многу добар резултат во екот на прелиминарните прогнози, што покажуваа еднаквост меѓу партијата на Руте и Партијата на слободата (ПВВ) на екстремниот десничар Герт Вилдерс.
Според досега преброените гласови ПВВ ќе има 19 места, колку и Демохристијанската партија (ЦДА).
- Сега треба да составиме стабилна Влада и да ја водиме земјата напред, нагласи Руте.
Составувањето на владејачката коалиција, сепак, ќе биде тешко, бидејќи Парламентот е силно поделен и за таа цел се потребни четири партии.
Проблемот на Руте се усложни бидејќи неговиот досегашен главен коалициски партнер - Партијата на трудот, доби само девет места во парламентот, за разлика од претходниот мандат кога имаше 38.
Останувањето на Партијата на трудот во идната коалиција е една од главните нејасностии по изборите во Холандија.
За најверојатна се смета соработката меѓу партијата на Руте со ЦДА и прогресивната партија Д66, кои ќе имаат по 18 или 19 места.
Крајната десница го призна поразот. Вилдерс изрази жалење, бидејќи неговата партија не победила, наведувајќи оти очекувал дека ќе добие околу 30 пратенички места во холандскиот парламент.
Според аналитичарите, шансите на ПВВ да влезе во владејачката коалиција се минимални, бидејќи сите големи политички сили веќе соопштија дека не сакаат да соработуваат со крајната десница.
Во Холандија вчера се одржаа парламентарни избори на кои учествуваа 28 партии, односно 1.114 кандидати, кои се бореа за 150 пратенички места.
Право на глас имаа 12,9 милиони жители.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...