„Фајненшл Тајмс“: Лондон сака „одбранбен пакт“ со Германија

Лондон, 20 март 2017 (МИА) - Владата на Велика Британија настојува да ја увери Германија за потребата од создавање „одбранбен пакт“ меѓу двете земји, со цел да се потикне солидарноста во пост-Брегзит периодот, кога Британците ќе бидат надвор од ЕУ, пишува денешен „Фајненшл Тајмс“.
Засега нема повеќе детали околу тоа како е замислен овој проект на Владата во Лондон со најголемата и најмоќната членка на Унијата, но весникот тврди дека станува збор за обид на Велика Британија да ја увери, пред се сопствената политичка јавност, а потоа и европската, дека по напуштањето на ЕУ, Обединетото Кралство нема да и сврти грб на Европа.
Потврда на тоа би требало да биде „одбранбеното партнерство“ со Германија кое треба да се изгради во периодот по Брегзит.
Понудата до германската Влада е новина затоа што солидарно и одбранбено партнерство Велик Британија има сега, а ќе има и понатаму преку членството во НАТО и тоа не само со Германија, туку и со сите други членки на Алијансата.
По излегувањето од ЕУ, за Британците единствени политички врски со континентот ќе бидат само преку Алијансата, па затоа Лондон сега инсистира на одржувањето на НАТО и на неговото единство, спротивставувајќи се на идеите да се се создадат и европски одбранбени сили за брза интервенција.
Безбедносни експерти веруваат дека британската Влада стравува оти со заедничките сили на ЕУ, Велика Британија како земја надвор од Унијата би била истисната од Европа и би останала без поголемо политичко и воено влијание на континентот.
Министерството за одбарана во Лондон не го демантира пишувањето на „Фајненшл Тајмс“, освен што нагласи дека во основа станува збор за „заедничко соопштение“ за идната одбранбена соработка меѓу Велика Британија и Германија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...