Шеќер во прав предизвика паника во Хамбург

Берлин, 20 март 2017 (МИА) - Властите во германската сојузна покраина Хамбург утринава прогласија тревога во пет локални суда и канцеларии на Министерството за финансии, откако неколку работници дошле во контакт со поштенски пратки што содржеле сомнителна супстанца, за кој подоцна се утврдило дека е шеќер во прав.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, тројца судски работници од Судот во населбата Сивенкингплац биле веднаш изолирани и префрлени на медицински испитувања, откако дошле во контакт со првично сомнителниот прав.
- Писма што содржат бела прашкаста материја утрово се пронајдени во поштенската соба на Судотм по што беше вклучен алармот и прогласена тревога. Веднаш потоа беа повикани полицијата и противпожарната бригада. Судот продолжи нормално да функционира дури откако делот каде што простигнува поштата беше затворен, а сите вработени и сомнителни прегледани од експери, изјави портпаролот на Судот во Сивенкингплац, Кај Вантцен.
Откако дошле во допир со шеќер во прав две лица и од Судот во Бергедорф, утринава се префлрени на третман во болница, а поштенска пратка со соминтелниот прав била испратена и во Судот во Бланкензе.
Полицијата засега не открива кои имиња стојат на адресата на писмата упатени до судовите.
Минатата недела сомнителни пакети со непозната прав пристигнаа во Министерството за финансии во Берлин. Одговорноста за испратените пакети презедоа грчки екстремни левичарски организации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...