Германија ќе ја брани својата чест во спорот со Турција

Берлин, 20 март 2017 (МИА) - Германија нема да се откаже од правото да ја брани својата чест во спорот со Турција, од каде властите во Берлин беа обвинети дека спроведуваат нацистички политики, изјави за германските медиуми денеска Петар Алтмаер, шеф на кабинетот на канцеларката Ангела Меркел .
Анкара минатата недела ја обвини Германија дека со забраната за турските политичари да учествуваат на митинзи поврзани со референдумот за поглеми уставни овластувања на претседателот Ердоган се однесува исто како нацистите на Хитлер.
„Сите германски партии имаат став дека земјта има чест и таа ќе ја брани својата чест. Споредбата со нацистичките практики е неприфатлива“, изјавил Алтмајер кој во германската влада е одговорен за решавање на прашањата поврзани со бегалската криза.
И покрај најавите од Анкара дека Турција каде сега има три милиони бегалци би можела да пропушти огромен број мигранти кон Европа Алтмаер не е загрижен за иднината на спроведувањето на договорот ЕУ - Турција за запирање на приливот на азиланти кој беше потпишан пред една година. Според него овој договор е важен и за Турција. Со него обезбедуваме бегалците да останат во регионот а Турција не може сама да се справи соовој предизвик.
Во врска со нападите од Анкара денеска реагираа и портпаролката на владата во Берлин Улрике Демер која изјави дека владата многу внимателно го следи ова прашање и го задржува ставот дека ова однесување на Турција е погрешно, јавува дописникот на МИА од Берлин..
Реакција пристигна и од министерството за надворешни работи од каде се додава дека Берлин нема интерес да влезе во спирала на взаемни провокации кои што се креирани со цел да се засили поддршката за претседателот Ердоган на референдумот закажан на 16 април.
„Кој ќе има корист ако ние возвраќаме со иста мера или ако одговараме користејќи го истиот јазик како и турскиот претседател“, изјави денеска портпаролот на германското МНР Мартин Шефер кој вели дека Германија не е наивна за да разбере дека најголема корист од вербални препирки ќе има Ердоган но дека ако Турција претера владата ќе реагира соодветно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...