Штајнмаер до Ердоган: Не го уривај она што се градело со години

Берлин, 22 март 2017 (МИА) - Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајмаер, кој денеска положи заклетва на оваа функција, во својот прв претседателски говор го предупреди турскиот колега Реџеп Таип Ердоган дека ризикува да го уништи сето она што неговата земја го градела со години.
Меѓу Турција и Германија, но и со други европски држави, постои раздор поради желбата на турските власти да одржуваат митинзи меѓу европската дијаспора со цел обезбедување поддршка за Референдумот во Турција закажан за 16 април, а со кој се предвидуваат проширување на овластувањата на шефот на државата. Европските држави не даваат дозвола за одржување такви собири, што направи подлабок раздор во односите на Турција и другите земји.
- Начинот на кој гледаме на Турција е окарактеризиран со загриженост дека се она што се градело со години и децении се уништува, изјави Штајнмаер во инаугуративниот говор.
Турција во повеќе наврати ја обвини Германија дека користи „нацистички тактики“ со забраните на митинзи.
- Престанете со ужасните нацистички споредби. Не ги пресекувајте врските со оние луѓе кои сакаат партнерство со Турција. Почитувајте го владеењето на правото и слободата на медиумите и новинарите. И ослободете го Дениз Јуцел, изјави Штајнмаер.
Јуцел е дописник за германскиот весник „Велт“ кој има турско и германско државјанство, а беше уапсен минатиот месец во Турција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...