Русија остро реагира на забраната на Киев за влез на Самојлова во земјата

Москва, 22 март 2017 (МИА) - Русија остро реагираше на украинската забрана за пристап на руската претставничка во Киев за натпреварот за песна на „Евровизија-2017“.
- Ова е уште еден скандалозен, циничен и нехуман чин на киевските власти, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Григориј Карасин.
Претходно денеска, украинските власти и забранија пристап, во период од три години, на руската претставничка за „Евровизија-2017“ Јулија Самојлова. Овогодишниот натпревар за најдобра песна ќе се одржи во мај во Киев.
Документот за забраната бил подготвен од Службата за безбедност на Украина.
Оваа одлука била донесена поради учеството на Самојлова на концерт во Крим во 2015 година.
Според Службата за безбедност на Украина, пејачката го прекршила декретот на Министерскиот совет на Украина, според кој странците треба да добијат посебна дозвола за посета на полуостровот Крим. Овој декрет е донесен откако полуостровот беше анексиран од Русија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...