Петмина загинати и 40 повредени во нападот во Лондон

Пет лица загинаа во вчерашниот напад во Лондон на мостот Вестминистер во реонот на парламентот. Меѓу нив има еден полицаец, тројца цивили и напаѓачот кој беше ликвидиран во близина на парламентот. Тоа го соопшти Марк Роули, командант на единицата за борба со тероризам во Скотланд јард.

Тој додаде дека според новите податоци, во нападот ранети се 40 луѓе.
– Нема да давам коментари за идентитетот на напаѓачот. Но, ние даваме приоритет на верзијата дека тој можно е да бил инспириран од исламистички тероризам, изјави Роули.
Маж облечен во црно вчера удри со автомобил во цивили на мостот Вестминстер во Лондон. Потоа се упати кон парламентот на Британија при што повреди полицаец пред да биде ликвидиран. Заради нападот британските парламентарци останаа со часови блокирани во парламентот.

Британската полиција соопшти дека во следните денови по улиците на британските градови ќе бидат распоредени дополнителен број вооружени полицајци.
Британската премиерка Тереза Меј го осуди нападот оквалификувајќи го како „болен и изопачен“ додавајќи дека изборот на локацијата за напад не е случаен.

– Терористите намерно избраа да удрат во срцето на нашата престолнина каде има луѓе од сите националности, вери и култури кои доаѓаат да слават слобода демократија и други вредности, рече таа.
– Секаков обид да се поразат тие вредности со насилство е осуден на пропаст, нагласи Меј.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...