Меј: Напаѓачот од Лондон е роден во Велика Британија

Лондон, 23 март 2017 (МИА) - Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека полицијата го знае идентитетот на напаѓачот, кој вчера со автомобил удри во пешаци и уби три лица пред Парламентот во Лондон.
Таа истакна дека напаѓачот е роден во Велика Британија, но неговиот идентите не се открива додека трае истрагата на Скотланд Јард..
- Тој работел сам и нема причина да веруваме дека биле планирани и други напади, нагласи Меј во специјална изјава за пратениците во Долниот дом на Парламентот, додавајќи дека напаѓачот бил „периферна личност“ за која се зане дека еднаш бил испрашуван од оперативците на МИ5 околу насилниот екстремизам.
- Неговиот случај е минато, затоа што тој не бил дел од ниту една од актуелните операции на безбедносните служби, ниту пак има разузнавачки сознанија дека планирал или правел заговор, рече Меј .
Нејзината изјава доаѓа по неколкуте рации во Бирмингем, Лондон и уште неколку други локации во земјата, во кое се уапсени вкупно осум лица за кои се верува дека може да имаат врска со вчерашниот напад во Вестминстер и врз зградата на Парламентот.
Вршителот на должноста комесар на Скотланд Јард, Марк Роули изјави за медиумите дека се верува оти напаѓаччот, сепак, дејствувал сам.
Роули рече дека не постојат никакви разузнавачки сознанија за некои други закани за јавноста, но објасни дека уште од синоќа е засилено присуството на полицијата на улиците и пред јавните објекти во Лондон.
Од жртвите на нападот, се идентификувани само полцаецот Кит Палмер, кој не бил вооружен кога се обидувал да го совлада напаѓачот кој врз него се нафрлил со нож и неколкупати го избодел по телото, како и лондонската учителка Ајша Фраде , родена во Лондон од родители од Шпанија и Кипар, која беше брутално прегазена додека одела да ги земе од училиште своите две ќерки.
Третата жртва засега се опишува само како маж на педесетина година.
Вкупно 29 лица се наоѓаат на лекување, но седум од нив и натаму се во критична состојба.
Меѓу повредените има туристи од Јужна Кореја, од Франција, еден државјанин на Кина, како и млада двојка Романци, кои престојувале на излет во британскиот главен град.
Младата Романка е извлечена од водите на Темза со тешки повреди и засега не се знае дали бил истуркана од напаѓачот во реката или сама скокнала за да се спаси, додека нејзиниот партнер има скршеници на ногата.
Меѓу повредените лица има и тројца полицајци, кои се движеле по мостот во време на нападот.
Вчерашниот напад врз Парламентот и неговата најблиска околина, беше прв таков инцидент по 1991 година и нападот на ИРА, која со минофрлачи сакаша да ја погоди резиденцијата на премиерот во Даунинг стрит 10. Во 1979 година, од бомба поставена од терористи на ИРА, под возилото во гаражата на Парламентот, беше убиен Ајри Неви, советник на тогашниот премиер Маргарет Тачер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...