Берлин ќе донира дополнителни средства за обнова на Сирија и Ирак

Берлин, 23 март 2017 (МИА) - Германската Влада одвои 235 милиони евра кои ќе бидат донирани за хуманитарна помош и спроведување на мерки за обнова на Сирија и Ирак, изјави за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел, кој претходните денови учествуваше на конференцијата на антитерористичката коалиција против „Исламската држава“ во Вашингтон.
Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин, Габриел ги пофалил резултатите од борбата против терористичката организација Исламска држава и побарал од коалицијата земји што се борат против исламските милитанти повеќе активности за обнова на електричните системи, водоводи, изградба на училишта и создавање на работни места.
Целта на Германија, каде во последниве 20 месеци пристигнаа над 1,2 милиони, најгоем дел од Сирија и Ирак, е во овие две земји по завршување на конфликтот да се вратат сите луѓе кои најдоа прибежиште во Европа.
- Германија веќе е дел од мерките за стабилизација, а оваа година ќе продолжиме со помошта за овие две земји. Во Вашингтон ветивме дополнителни 235 милиони евра за луѓето во Сирија и Ирак за хуманитарни цели и за стабилизација, изјави Габриел за весникот.
Во Вашингтон деновиве членките на 68 земји на Антитерористичка коалиција разговараа за идните мерки кои што треба да бидат преземени во регионот каде што е активна ИД и други радикални исламски воени групи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...