Путин: Нуклеарните сили ќе бидат опремени со нови оружја

Москва, 23 март 2017 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ќе продолжи да го развива одбранбениот потенцијал на земјата и најави дека стратешките нуклеарни сили ќе бидат опремени со ново оружје.
- Сите видови војска ќе ги снабдиме со опрема и оружје од најнова генерација. Првенствено нуклеарните сили, истакна Путин.
Тој додаде дека до 2020 година армијата над 60 проценти ќе биде опремена со модерно оружје, а во поединечни случаи и до 90 отсто.
- Денешната ситуација бара посебни услови на работа, посебно кога станува збор за оперативни информавии за ситуацијата во нестабилните зони на Блискиот Исток и во Африка, како и во поединечни делови на Азија, наведе Путин.
Тој оцени дека е неопходно да се продолжи со усовршување на стратегијата и тактиката во борбата против тероризмот.
Путин истакна и дека Федералната безбедносна служба (ФСБ) добро ја извршува својата работа, посебно кога станува збор за контраразузнавачките работи, борбата против корупцијата и заштита на клучните инфраструктурни објекти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...