Над 200 исчезнати при потонување на два брода со мигранти крај Либија

Женева, 24 март 2017 (МИА) - Се стравува дека над 200 илегални мигранти се удавиле во водите на Средозменото Море, откако мал брод и чамец со кои патувале, потонале вчера во близина на бреговите на Либија, соопшти доцна синоќа портпаролката на хуманитарната организација Проактива, Лаура Лануза.
Според неа, спасувачките екипи пронашле безживотни тела само на петмина мигранти.
Лануза информира дека организацијата Проактива добила известување дека „еден оштетен чамец тоне, како и дека потонало уште едно бротче“.
- Имајќи ја предвид големината на бротчињата со кои често се шверцуваат луѓе од Либија, претпоставуваме дека веројатно во нив имало по над сто мигранти, изјави Лануза.
Според меѓународните организации, откако со договорот меѓу ЕУ и Турција беше запрен приливот на бегалци преку Егејското Море кон Грција, регистиран е зголем број на мигранти кои се обидуваат да стигнат до Европа преку централниот дел на Медитеранот, од либиските брегови до Италија.
Од почетокот на годинава во обид да стигнат до италијанскиот брег, животите ги загубија најмалку 559 мигранти. Според податоците на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), лани во овој дел на Медитеранот се удавиле околку 5.000 илегални мигранти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...