Јункер го предупредува Трамп: Ако ЕУ се распадне, на Балканот ќе има војна

Атина, 24 март 2017 (МИА) - Првиот човек на Европската комисија Жан-Клод Јункер го предупредил американскиот претседател Доналд Трамп дека е можна нова војна на Балканот, пишува денеска „Катимерини“, повикувајќи се на негово интервју за „Фајненшл Тајмс“.
Во интервјуто Јункер изразил загриженост за реакциите на Трамп по одлуката на Велика Британија да излезе од Европската унија.
Претседателот на Европската комисија го предупредил американскиот потпретседател Мајк Пенс дека постои опасност од уште една војна на Западен Балкан, доколку ЕУ се распадне, при што како причина го навел и охрабрувањето на Трамп кон другите земји членки да си заминат од Унијата по Брегзит.
Пенс беше во Брисел на 20 феруари, но досега немаше детали за разговорите. Јункер првпат зборува за средбата во ексклузивното интервју објавено денеска во „Фајненшл Тајмс“, пишува „Катимерини“.
- Му реков на потпретседателот да не го кажуваат тоа. Не ги повикувајте другите да си заминат, затоа што ако се распадне Европската унија, ќе имате нова војна на Западен Балкан, рекол Јункер во интервјуто.
Според „Катимерини“, како што јави дописникот на МИА од Атина, тој исто така потенцирал дека е важно на земјите од регионот да им се понуди перспектива за членство во Европската унија.
- Ако ги оставиме сами, Босна и Херцеговина, Република Српска, Македонија, Албанија, сите овие земји, повторно ќе имаме војна, ја пренесува грчкиот весник изјавата на Јункер за „Фајненшл Тајмс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...