Бундестагот го усвои контроверзниот закон за патарини за странците

Берлин, 23 март 2017 (МИА) - Долниот дом на германскиот Парламент, Бундестагот денеска го усвои контроверзниот закон за воведување патарини за странските патнички возила на германските автопатишта, јави дописникот на МИА од Берлин.
Законот, што од други земји членки на ЕУ и Европската комисија беше оценет како дискриминирачки и за него беше поведена тужба пред Европскиот суд на правдата, ќе стапи во сила откако за него ќе се произнесе и Бундесратот. односно Горниот дом на Парламентот.
За разлика од германските државјани, кои ќе бидат ослободени од плаќање патарини преку компензација со годишните такси што ги даваат како надомест за регистрација на возила, сите останати странски патници ќе треба да плаќаат сума од најмногу 130 евра на годишно ниво ако сакаат да ги користат германските автопати.
Критиките од Брисел и другите земји на ЕУ, како Холандија и Полска, кои сметаат дека Германија ги дискриминира возачите на останатите членки на Унијата, беа делумно амортизирани откако во декември владата во Берлин најави дека цената на патарините ќе зависи од нивото на загадување на секое возило.
За да се задоволат барањата на соседите и ЕУ, Германија се согласи за странските возачи и сопственици на патнички возила да бидат воведени краткорочни патарини со траење од неколку дена. Цената на патарините во траење од 7 или 10 дена во најголемиот број членки на ЕУ е десетина евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...