Шидло: Декларацијата од Рим е прифатлива за сите земји

Варшава, 24 март 2017 (МИА) - Полската премиерка Беата Шидло изјави денеска дека завршната декларација, што земјите членки на Европската унија се очекува да ја усвојат на утрешниот самит во Рим, е прифатлива за сите.
Вчера таа предупреди дека Полска можеби нема да ја потпише доколку во неа станува збор за Европа „со неколку брзини“.
- Декларацијата, што ќе биде усвоена на самитот во Рим, не е на нивото на нашите амбиции, Европа може и повеќе, но е документ што при сегашната политичка ситуација е прифатлив за сите и токму поради тоа е ценет, забележа Шидло.
- Единството на Европа е приоритет. Единството на Европа е нејзиниот неделив карактер што е присутен во таа декларациа и тоа е успех за европските дипломати, потенцираше полската премиерка.
Синоќа Шидло изјави дека ако декларацијата од Рим не содржи приоритети за полските прашања, Варшава нема да ја потпише.
Таа наброја четири приоритети: Единството на ЕУ, одбрана во тесна соработка со НАТО, поголема улога на националните Парламенти и запазувањето на принципите на заедничкиот пазар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...