Грција - причина за кавга во германската владина коалиција

Берлин, 24 март 2017 (МИА) - Германскиот министер за финансии Вофганг Шојбле предизвика вербален конфликт во федералната влада откако реагираше на ставовите на својот колега, министерот за надворешни работи Зигмар Габриел, кој побара Германија да дава повеќе пари во буџетот на ЕУ и да ја запре политиката според која европската стабилност треба да се брани само со мерки за штедење.
Шојбле, кој е член на партијата ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел, на својот колега од СПД преку националното радио „Deutschlandfunk“ му порача дека испратил погрешна порака до Грција со тоа што се заложил за релаксација на фискалната политика во оваа земја, којашто за да ја добие помошта од меѓународните кредитори мора да спроведе длабоки и мачни реформи.
Разликите меѓу двата блока во германскта влада во врска со политиката на штедење во Еврозоната можат дополнително да се зголемат поради тоа што во изборната година ЦДУ сака да прикаже строгост во трошењето на парите на германските даночни обврзници кои што во најголем дел се противат на финансирање на грчките долгови.
„Европа не страда од недостаток на пари туку од недостаток на долгови. Она од што ние патиме се земји членки на ЕУ кои што не прават ништо од тоа што треба да го прават очекувајќи помош од другите. Јас сум иритиран што господинот Габриел на Грците им испрати порака која што не им помага“, изјавил Шојбле за Deutschlandfunk ,пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Во авторски текст во весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ Габриел напиша дека земјите кои што спроведуваат реформи треба да добијат помош во инвестиции и повеќе време за да го намалат својот јавен долг, што е спротивно на стратегијата на Шојбле кој е главен креатор на европската политика за надминување на кризата во Грција.
И покрај тоа што пред две години СПД ја подддржа политиката на Шојбле сега дел од Социјал - демократите во пресрет на изборите закажани за 24 септември во обид да добијат поголема поддршка во јавноста ја критикуваат позицијата на своите коалициони партнери од ЦДУ/ЦСУ сметјаќи дека политиката на строго штедење негативно влијае на растот во цела Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...