Германија лани запрела руски кибер напади на политички цел

Берлин, 25 март 2017 (МИА) - Германските служби лани спречиле два кибер напада од руската група „АПТ28“ која западните земји ја именуваат и како "Fancy Bear", која се смета за одговорна за напади на штабот на демократите за време на американските избори, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Првиот напад бил спречен во мај 2016 година, кој за цел го имал интернет домејнот на партијата ЦДУ на канцеларката Меркел на северот од земјата, изјави за германските медиуми Арне Шенбрун, шеф на федералната Канцеларија за информативна безбедност.

Во вториот успешно спречен напад што се случил неколку месеци подоцна целта била компјутерскиот систем што го користат германските политички партии во Бундестагот.

Спроед експертите цитирани од германските медиуми руската кибер група користејќи емаил со името на НАТО се обидела да инјектира опасен софтвер за да ја контролира мрежата во Долниот дом на германскиот Парламент.

- Германија останува во опасност од кибер напади поради тоа што сме високо дигитализирани. Колку повеќе сме дигитализирани, толку повеќе зависиме од дигиталните мрежи и се соочуваме со поголем ризик од кибер напади, вели Шенбрун.

Во јануари американските служби предупредија дека Русија по примерот на нападите за време на американските претседателски избори ќе се обиде да нападне и други земји за време на одржување на избори како Германија или Франција.

Групата АПТ28 е истата кибер организација која што во 2015 година успеа да украде 16 гигабајт материјал од германскиот Парламент а според американските и европските безбедносни служби лани извршила напад и врз ОБСЕ.

Германски служби и политичари предупредуваат дека кибер криминалци од Русија би можеле да се обидат да влијаат на германското јавно мислење во пресрет на парламентарните избори закажани за септември. Руските власти категорично ги отфрлаат наводите дека стојат зад било која кибер група.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...