Меркел: Европа треба да најде заедничко решение за бегалската криза

Рим, 25 март 2017 (МИА) - Европа треба да најде заедничко решение за бегалската криза, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел во интервју за италијанската телевизија, објавено синоќа, јави ДПА.
- Во заедницата, основана на принципот на солидарност секоја земја треба да придонесе според можностите, рече Меркел.
Според неа изминатите две години е постигнат голем напредок, но има уште многу работи да се завршат.
Таа зборуваше и за папата Франциско, при што ја оцени како мошне инспиративна неговата вчерашна изјава.
Тој вчера се сретна со лидерите на 27-те земји-членки на Унијата пред денешниот самит во Рим посветен на 60 годишнината од потпишувањето на Римскиот договор.
- Кога ги отворивме внатрешните граници, ние не мислевме за зајакнување на надворешните граници. Кога воведувавме единствена валута не бевме подготвени за кризата. Но во моментов го правиме сето тоа преку банкарската унија и стабилизациските механизми. Најважно е сето тоа да се направи во атмосфера на солидарност, рече Меркел.

- Треба да ги гарантираме условите луѓето да не бегаат од своите земји, да ги решиме кризите, како таа во Сирија и тоа да го сториме заедно, додаде Меркел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...