Демонстрации во некои европски земји, едни за ЕУ, други против

Брисел, 25 март 2017 (МИА) - Сите 27 лидери на земјите-членки на Европската унија денеска на самитот во Рим ветија дека ќе ги сослушаат граѓаните и нивните ставови за ЕУ, додека илјадици демонстранти денеска протестираа во главниот италијански град.
Обраќајќи се до приврзаниците на десничарското движење „Фратели д Италија“, претседателката на ова движење Џорџа Мелони ја осуди „големата измама“ на ЕУ.
- Вистински непријател на Европа се банкарите, зеленашите и технократијата. Унијата мора да биде заменета со нов сојуз на слободни и суверени држави, рече Мелони.
Меѓутоа тоа не е став на 26-годишниот Максимилијан де Висе, од Лил, во северна Франција, кој учествуваше во маршот за поддршка на ЕУ во Рим и се присети на своите полски предци, кои биле мигранти.
- Единствено обединети можеме да го сочуваме мирот, рече Де Висе.
Околу 50 Британци, кои живеат во Италија се придружија кон „Маршот за Европа“, еден од неколкуте протести за или против ЕУ, кои за денеска беа закажани.
Британците на собирот изразија загриженост поради „грешката на Велика Британија да ја напушти Унијата“, за што формалните преговори почнуват следната недела.
Британската учесничка во протестите., Џеки Чамберлејн изјави дека „мошне се срами од Британија“.
- Сметам дека Британија прави фатална грешка, со тоа што излегува од ЕУ, рече Чамберлејн.
Во Германија околу шест илјади луѓе симболично го урнаа ѕидот направен од кутии на местото каде некогаш беше Берлинскиот ѕид, кој го делеше градот.
Демонстрантите маршираа во знак на поддршка на Унијата носејќи натписи: „Европа обединета во солидарност“ и „Среќен роденден ЕУ“.
Илјадници Полјаци се собраа во Варшава виорејќи знамиња на Полска и ЕУ и пеејќи ја „Одата на радоста“ во знак на поддршка на Унијата за време на одбележување на 60-годишнината од потпишувањето на Римскиот договор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...