При протестите во Русија уапсени се најмалку 100 лица

Москва, 26 март 2017 (МИА) - Најмалку 100 лица се задржани во притвор, вклучително и опозицискиот лидер Алексеј Навални, за време на протестите што беа организирани во Москва и други градови во Русија. Демонстрантите се собраа за да протестираат против корупција на владините претставници, јави ТАСС.
Неименуван претставник на руската полиција наведе дека полицајците не употребиле солзавец за време на протестите, туку еден демонстрант кој се уште не е идентификуван.
Руската опозиција ги повика луѓето да излезат на улица во знак на протест против корупцијата и да побараат оставка на премиерот Дмитриј Медведев.
Протестот го организираше опозицискиот лидер Алексеј Навални. Тој неодамна тврдеше дека рускиот премиер Дмитриј Медведев поседува неколку куќи, јахти и лозја.
Руска полиција го приведе денеска Навални во центарот на Москва.
Стотици опозициски демонстранти се собрале околу полициското комбе и пробувавале да ја спречат полицијата да го одведе Навални.
Неименуван претставник на полицијата предупредил дека демонстрантите можат да бидат казнети со глоба од 330 долари, или 15-дневен притвор, пренесе ТАСС.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...