Пет лица загинаа при уривање на хеликоптер во Украина Киев, 26 март 2017 (МИА) - При уривање на мал воен хеликоптер во источна Украина денеска загинаа двајца членови на екипажот и тројца патници, соопшти украинското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека, хеликоптерот „Ми-2“ веројатно се удрил во далновод. Несреќата се случила во близина на градот Краматорск.
|