НАТО бара статисти во Германија да глумат Авганистанци

Берлин, 30 март 2017 (МИА) – Властите во Берлин објавија оглас дека НАТО бара статисти кои за 120 евра дневно, ќе изигруваат обични Авганистанци за време на обука на американски војници во Германија.
Предност е да се знае полски, чешки или руски јазик.
За време од две недели ќе имаат обврски да се маскираат во Авганистански овчари, продавачи, претставници на локални власти и да учествуваат во обука на американски војници во преговори со локални цивили и да решаваат низа ситуации за време на операции на терен.
– Тоа ќе овозможи сценариото за вежбање и обука за војници да биде близу реалното, а со тоа и оптимална подготовка за мисија во странство, се вели во огласот во Берлин.
За потребите на обуката во Германија „ќе никнат“ 10 авганистански села, со 10 до 30 куќи секое. Статистите покрај знаење на англиски и германски јазик ќе мора да бидат отпорни на стрес и да бидат „тимски играч“.
За време на тие две недели, „вработените“ ќе мора да останат во своите села, нема да може да користат мобилни телефони, таблети и компјутери. Мора да стануваат рано наутро како што е вековна традиција на овчарите во Авганистан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...