Високо ниво на опасност од терористички напади во Германија

Берлин, 30 март 2017 (МИА) - Првиот човек на германската Федерална криминалистичка полиција (БКА), Холгер Мунш изјави дека германските институции и граѓани треба да бидат подготвени за нови обиди за извшрување на терористички напади во земјата, јави дописникот на МИА од Берлин.
Според Мунш, терористички напади во Германија се можни „во секој момент“, а причината за тоа е „зголемениот трансфер на потенцијалнни терористи кои пристигнуваат во Европа“.
- Намалувањето на териториите под контрола на Исламската држава во Ирак и во Сирија резултираат со зголемени напори на исламските радикали за извршување терористички напади во голем број држави, особено во западна Европа, предупредува шефот на БКА,
Тој нагласи дека германските служби за безбедност ги спроведуваат сите можни мерки за спречување на вакви напади, кои пред се би можеле да ги извршат повратници од фронтовите во Сирија и Ирак.
Според официјални информации на германската Влада, над 900 германски државјани или лица кои имаат дозвола за престој во Германија, во последниве неколку години заминале да се борат во редовите на Исламската држава или други терористички групи.
Се оценува дека две третини од нив се оспособени за извршување терористички напади во Германија или во други земји на ЕУ, а според официјалната евиденција во земјата се вратени половина од нив.
Над 100 повратници досега се уапсени или осудени од страна на германските судови на затворски казни за членување во странски вооружени формации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...