Авионот на Качински настрадал од експлозивна направа

Варшава, 11 април 2017 (МИА) - Комисија на полската Влада соопшти дека авионот, што пред седум години се урна и го уби полскиот претседател и уште 95 патници, најверојатно се распаднал во воздух кога дошло до детонација на експлозив.
„Многу нешта укажуваат дека дошло до експлозија на летот, на 10 април 2010 година. Врз основа на резултатот можеме ка кажеме дека причина за експлозија е термобарично полнење на експлозивна направа“, се наведува во соопштението на Комисијата, пренесуваат британските меидуми.
Новата комисија вчера ги претстави прелиминарните резултати на седумгодишнината од катастрофата во западна Русија во која загинаа полскиот претседател Лех Качински со сопругата, и уште 95 лица,од кои повеќето беа политичари.
Новата комисија, која ја состави полскиот министер за одбрана, Антони Мачеревич, кажа дека авионот експлодирал и се распаднал на неколку минути пред слетувањето.
Во претходните наводи, како виновник за падот на авионот беа посочени руските контролори на летот, кои наводно намерно му давале погрешни упатства на пилотот.
Претходната комисија, за падот го обвини полскиот пилот и руските контролори на летот, додека руските известители вината ја префрлаа на Полјаците.
Истрагата првично навестуваше дека за несреќата придонело тоа што едно од крилата на авионот удрило во дрво во близина на пистата.
Француските медиуми наведуваат дека новите истражувачи своите нови заклучоци ги темелеле на анализата на разговорот меѓу пилотот на авионот и руските контролори за воздушен сообраќај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...