Путин: Се намалува довербата меѓу Русија и САД

Москва, 12 април 2017 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за „Мир 24", истакна дека откако Доналд Трамп е претседател на САД, се намалува довербата меѓу Москва и Вашингтон.
- Може да се каже дека довербата, особено во полето на воената соработка, не се зголеми, туку напротив, се намали, рече Путин.
Прашан за обвинувањата кон сириската Влада за одговорноста за хемискиот напад во провинцијата Идлиб, тој одговори дека Сирија ги предала залихите од хемиско оружје. Натаму, тој додаде дека вистината за овие настани може да се бара во тоа дека веројатно сириската авијација случајно погодила складиште со хемиско оружје на бунтовниците, од каде што се расширил отровниот гас, или, пак, се работи за провокација со цел да се дискредитираат сириските власти.
Според рускиот претседател, без истрага не е можно да се преземат какви и да е дејствија против официјалните сириски власти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...