Германските власти испитуваат дали крајната левица е поврзана со експлозиите во Дортмунд

Дортмунд, 12 април 2017 (МИА) - Неколку германски медиуми јавија дека во белешката, што беше пронајдена по вчерашниот напад врз автобусот на фудбалскиот клуб „Борусија Дортмунд“ е користена радикална исламистичка реторика.
Германската полиција, сепак, не е сигурна дали таа е автентична или е обид за измама на властите.
Германските иследници го проверуваат и второто писмо, што беше објавено на антифашистички онлајн портал, според кое нападот е одмазда за мекиот пристап на тимот кон неонацистичките и расистичките фанови.
На социјалните мрежи синоќа беа објавени неколку текстови, напишани во стилот на германската крајна левица, јави ДПА, посочувајќи дека во нив се наведува оти раководството на клубот не сторило доволно за да се спротивстави на расизмот, нацизмот и екстремнодесничарскиот популизам.
Претходно весникот „Велт“ објави дека до местото на вчерашната експлозија е најдена белешка, со што е преземена одговорноста за нападот. Во текстот бил наведен терористичкиот напад на божиќниот базар во Берлин и учеството на германските воени авиони во конфликтот во Сирија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...