Тилерсон: Меѓу САД и Русија постои ниско ниво на доверба

Москва, 12 април 2017 (МИА) - Меѓу САД и Русија во момнетов постои ниско ниво на доверба, изјави вечерва во Москва американскиот државен секретар Рекс Тилерсон на заедничка прес-конференција со руксиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
- Меѓу нашите две земји постои ниско ниво на доверба, Двете најзначајни нуклеарни сили во светот не може да имаат такви односи, потенцира Тилерсон по средбата со Лавров.
Шефот на руската дипломатија од своја страна нагласи дека и покрај порблемите во билатералните односи, Москва е отвортена за дијалог со Вашингтон.
- Наспроти одредените постоечки проблеми, има значителен број перспективи за заеднича соработка. Русија е подготвена не само за дијалог, туку и за конкретни заедички акции во повеќе разлилни области, рече Лавров.
Тој нагласи дека на средбата Русија и САД недвосмилсено ја потврдиле својата решеност за бескомпромисна борба против тероризмот.
Лавров нагалси дека Москва е подготвена за обнова на договорот со САД за избегнување на евентуални инциденти на небото над Сирија, доколку цел на американските воздушни напади во оваа блискоисточна земја бидат само терористички групи, како што е Исламската држава.
Лавров додаде дека и рускиот претседател Владимир Путин на нивната заедничка средба со Тилесрон, ја потврдил решеноста на Москва за обнова на овој договор.
Во врска со состојбата во Сирија, Тилерсон оцени дека минатонеделниот напад со хемиско оружје во градот Хан Шејхун бил планиран, раководен и спроведен во сириските владини сили.
Лавров и Тилерсон нагласија дека на средбата разговарале и за случувањата во Украина, при што се заложиле за целосна имплементација на Договорот од Минск, како „едниствен начин за решавање на кризата“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...