Американците повикале тримесечно бебе на сослушување поради тероризам

 Американската Амбасада во Лондон повика тримесечно бебе на сослушување за тероризам, откако неговиот дедо направил грешка при пополнувањето на образецот за виза во Електронскиот систем за одобрување на патувањата (ЕСТА).

„Гардијан“ пишува дека семејството на тримесечниот Харви Кенион Кернс планирало да отпатува од Велика Британија во градот Орландо, во американската соузна држава Флорида.

Дедото на Харви, Пол Кенион на прашањето „Дали планирате или сте учестувале во терористички активности, шпионажа, саботажа или геноцид?“ кликнал на опцијата „да“, поради што момчето, кое живее во градот Пјонтон е повикано на разговор во Амбасадата во Лондон.
- Не можев да верувам дека не сфатиле дека станува збор за грешка и оти бебе од три месеци не може никому да наштети, изјави 62-годишниот Кенион, кој подоцна сфатил што всушност се случило.

Тој изјави дека патувањето до Лондон траело речиси десет часа, што е повеќе од летот од Манчестер до Орландо, а грешката ги чинела и три илјади фунти (околу 3.537 евра).
- Тоа навистина беше скапа грешка, но се надевав дека американската Амбасада ќе го забалежи тоа. Се сомневам дека терористите при пополнувањето на образецот ќе ја изберат опцијата „да“, рече Кенион.
Тој додаде дека бебето при сослушувањето било мошне трпеливо и не плачело.

- Размислував за тоа на сослушувањето да го донесам облечен во портокалов комбинезон, но не бев сигурен за смислата на хумор на вработените во Амбасадата, па се откажав. Сепак мојот внук не учествувал во геноцид, ниту во шпионажа. Всушност неколку пати ги саботираше пелените, но за тоа не кажав во Амбасадата, рече Кенион.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...