Јункер побара достоинствен однос кон Туск

Брисел, 20 април 2017 (МИА) - Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, би сакал претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, да добие достоинствен однос, изјави портпаролката на Јункер, цитирана од француските медиуми, по вчерашното неколкучасовно сослушување на Туск пред полското правосудство.
-Јункер има целосна доверба во Туск, со кого работи со години наназад, уште кога двајцата беа премиери и сега како претседатели на ЕК и Европскиот совет, подвлече на прес конференција портпаролакат Мина Андреева.
Претседателот Јункер би сакал односот кон Туск да е достоинствен, одговори таа на прашањето за осумчасовниот распит, на кој беше подложен поранешниот полски премиер во Варшава во својство на сведок.
Туск вчера го искритикува „исклучително политичкиот карактер“ на неговото повикување од страна на варшавското обвинителство како сведок во истрагата против двајца поранешни шефови на воената контрашпионажа.
Туск одби да даде детали од своите сознанија и истакна дека се јавил „најмногу заради почитта кон полската држава“.
Претседателот на Европскиот сивет го информирал обвинителот дека според силата на европското право тој има целосен имунитет и го предупредил дека ќе се повика на својот имунитет доколку сфати дека истрагата се користи за да биде попречен или да му се забрани да ја извршува својата функција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...