Шпанија: Траект се судри во трговски центар, повредени се 13 лицаМадрид, 22 април 2017 (МИА) - Траект се судри во трговски центар на пристаниште на Канарските острови, при што се повредени најмалку 13 лица, соопштија локалните претставници.
Пет повредени лица се хоспитализирани, додека останатите патници се сместени во хотел.
Портпаролот на компанијата „Навиера Армас“, в чија сопственост е траектот, наведе дека инцидентот се случил во петокот поради недостиг на електрична енергија.
|