Претседателски избори во Франција од кои зависи иднината на ЕУ

Париз, 23 април 2017 (МИА) - Французите денеска гласаат на претседателски избори, кои можат да ја одредат иднината на Европската унија.

Изборниот терен е пренатрупан и понепредвидлив од кога и да е, наведува ДПА, додавајќи дека ако предизборните анкети се точни, тогаш барем четворица кандидати имаат сериозни шанси да се пласираат во вториот круг на 7 мај.

Двајца од нив се цврсто убедени дека Франција треба да ја реформира фундаментално Европската унија, а едниот вели дека земјата може и целосно да ја напушти ЕУ.

Марин Ле Пен започна да се подготвува за овие избори уште откако го презеде раководењето со екстремно десниот Национален фронт (ФН) од нејзиниот татко Жан-Мари Ле Пен во 2011 година.

И покрај прогнозите на анкетите, дека таа ќе загуби во вториот круг, поддржувачите на ЕУ стравуваат дека Ле Пен може да обезбеди трет изненадувачки популистички изборен триумф по британското напуштање на Унијата и по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Антипатијата на Ле Пен кон ЕУ е очигледна. Неодамна таа му заблагодари на Најџел Фараџ, кој ја предводеше кампањата за излегување на Велика Британија од ЕУ, што „ни го покажа патот по кој треба да се извлечеме од тој затвор“.

Четириесет и осумгодишната Ле Пен тврдо ја застапува позицијата дека Франција треба да се откаже од еврото, да ја преобрази или напушти ЕУ и најмногу да и стави крај на миграцијата.

Таа понуди поумерен јазик од оној со кој партијата вообичаено се служи, но не крие колку е драматично она што го предлага. - Залогот на овие избори е цивилизациски, изјави таа на една од неодамнешните телевизиски дебати.

Некои од најострите напади против неа всушност доаѓаат од друг кандидат, исто така критички настроен кон ЕУ. Станува збор за радикалниот левичар Жан-Лук Меланшон, кој е четврти според анкетите на јавното мислење и кој не престанува да ја напаѓа политиката на Унијата, која според него ги фаворизира бизнисите наместо работниците.

Тој сака укинување на ограничувањата на буџетските дефицити во ЕУ, укинување на трговските договори и предоговарање на главните договори за ЕУ. Тој се изјаснува и за излегување на Франција од НАТО.

Но, разочарувањето од Европската унија меѓу екстремната десница и радикалната левица не е единствената причина што ги зголемува шансите на двата „антисистемски“ кандидати. Во Франција постои нашироко прифатено чувство дека земјата „боледува и не може да ги искористи своите потенцијали“. Еконосмкиот раст е слаб - малку над еден процент во 2016 година, а невработеноста останува висока, околу 10 проценти.

Најмладиот меѓу кандидатите на овие избори, кој е и фаворит да победа во вториот круг, тргна во битка против тоа чувство, но и против слабите економски резултати, кои се неговата основа. Триесет и деветгодишниот Емануел Макрон, поранешен министер за економија во Владата на актуелниот претседател Франсоа Оланд, се залага за оптимизам онаму каде Ле Пен игра на чувствата на страв и чувството за декаденција.

Тој е цврсто определен за ЕУ и вели дека Франција треба да се обиде да ја придобие Германија на своја страна за еден „посоцијално заштитен од“ во рамките на ЕУ. Тој се претставува како алтернатива на старата, според него, поделба меѓу десницата и левицата и ветува инвестиции во обука за младите и невработените и премин кон чисти енергии.

Макрон е предмет на саркастични забелешки од своите опоненти и од некои медиуми дека зборува со клишеа и предлага теми за согласување наместо за несогласување меѓу десницата и левицата. Но, таа стратегија може да се покаже како победничка ако стигне до вториот круг, посочуваат анкетите, дека токму тој е кандидатот кој на изборите најдобро ќе помине против Ле Пен.

Тој е прифатлива варијанта за многу избирачи како од десно, така и од лево и покрај напорите на Ле Пен и на конзервативниот кандидат Франсоа Фијон, да го претстават како политички наследник на Франсоа Оланд.

Фијон, исто така, е еден од четворицата топ кандидати, иако против него започна формална судска истрага заради тврдењата дека жена му земала плата со пари на даночните обврзници како негов парламентарен помошник, без да работи.

Како и Макрон и Фијон е проевропеец. Тој предупредува дека патот на Ле Пен против Унијата „ќе ја вовлече земјата во социјален и економски хаос“. Но „лекарствата“ што тој ги предлага за внатрешната ситуација во земјата се доста посилни од оние на Макрон.

Тој е за кратење на работните места во јавната администрација за половина милион луѓе, за укинување на ограничувањето за 35-часовна стандардна работна седмица и за покачување на возраста за пензија од 62 на 65 години.

Сето ова ја составува сликата со четири многу различни визии, меѓу кои француските избирачи ќе треба да избираат на 23 април. Анкетите предвидуваат непредвидлива трка меѓу Ле Пен и Макрон за првото место, а по нив следуваат Фијон и Меланшон.

Анкетата на „Харис Интерактив“ објавена во четвртокот покажува дека Макрон ужива поддршка на 25 отсто од анкетираните, а Ле Пен на 22 процнети. Третото место го делат Фијон и Меланшон со по 19 проценти доверба меѓу гласачите.

Доколку се соочат во вториот круг Макрон би ја победил Ле Пен со 66 отсто, Фијон со 68 проценти, а Меланшон со 60 отсто освоен гласови. Меланшон, пак, би ги победил и Ле Пен со 60 проценти и Фијон со 58 отсто. Фијон би станал француски претседател единствено ако во вториот круг се соочи со Ле Пен, која би ја победил со освоени 58 проценти од гласовите.

Сепак сите погледи во Европа, а и надвор од неа, ќе бидат свртени кон Франција во недела вечер, кога ќе започнат да излегуваат првите резултати.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...