До пладне во Франција гласале 28,54 отсто од гласачите (ДПЛ)

Париз, 23 април 2017 (МИА) - До пладне одѕивот на гласачите во Франција во првиот круг од претседателските избори изнесуваше 28,54 отсто, што е мало зголемување во однос на 2012 година, јавува дописникот на МИА од Париз.
Оваа бројка беше многу очекувана бидејќи таа го дава првиот сигурен показател на мобилизација на француските гласачи во првиот круг од претседателските избори.
Оваа година учеството на изборите е клучот на сите неизвесности на изворите. Неколку студии проценуваа последниве недели дека одѕивот на гласачите би можел да биде многу низок, ако се има предвид дека вообичаено претседателските избори предизвикува големо учество на гласачите во Франција.
На претседателските избори општо земено се појавуваат 80 отсто од гласачите (79,5 отсто во 2012 година). Од 1981 година до денеска во 2007 година беше највисокиот одѕив напладне во првиот круг (31,2 отсто). Забележлив исклучок е 21 април 2002 година со рекордна воздржаност (28,4 отсто), бројка без преседан што резултираше со квалификацијата во вториот круг на кандидатот на Националниот фронт, Жан-Мари Ле Пен.
Сите единаесет канидати гласаа до пладне. Претседателот Франсоа Оланд гласаше за својот наследник во Тул, инаку тој е прв претседател кој не се обидува да се стекне со втор мандат, а причина е големата непопуларност, како и неговото стравување од распрснување на Социјалистичката партија.
Повеќе познати личности во денешното издание на „Журнал ди димашн“ повикаа да се гласа на претседателските избори, меѓу нив поранешниот тв-водител Никола Хуло, пејачката Карла Бруни-Саркози, шефот на ММФ, Кристин Лагард, писателот Жан д’Ормесон и поранешниот претседател на работовадачите Лоренс Паризо.
Вкупно 69.245 гласачки места се отворени во најголемиот број до 19 часот, а во големите градови до 20 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...