Судири помеѓу анти-фашистите и полицијата по победата на Макрон и Ле Пен

Париз, 24 април 2017 (МИА) - Судири меѓу анти-фашистичичките милитанти и силите за безбедност избувнаа синоќа на плоштадот Бастилја и на соседните улици, речиси веднаш по објавувањето на резултатите од првиот круг од претседателските избори, јавува дописникот на МИА од Париз.



Неколку стотици млади „анти-фашистии" се собраа синоќа на Плас де ла Бастилја во Париз, наспроти полицијата, веднаш откако беа познати првите резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои во финалниот втор круг се пласираа Марин Ле Пен и Емануел Mакрон.
Полицијата ги нападна демонстрантите кои се најдоа на кружната крстосница и на скалилата на Операта Бастилја, откако врз нив беа фрлани шишиња и петарди од страна на младите луѓе, од кои некои беа маскирани и облечени во црно.

Три лица се уапсени, соопшти полицијата.
На повик на „анти-фашистичките" движења, кои побараа да се организира „ноќ на барикади", околу 300 демонстранти се собраа веднаш по дваесет часот. Безбедносните сили, кои беа во голем број, превентивно го прекинаа сообраќајот кај историскиот плоштад во Париз.

Инаку, првпат во поновата француска историја доаѓа до прекројување на политичката карта. Кандидатите на класичната десница Франсоа Фијон, и на умерената левица, Беноа Хамон не се во вториот круг на претседателските избори. Независниот центристички кандидат Емануел Макрон освои 23,75 проценти, додека кандидатката на крајнодесничарскиот „Национален фронт“ Марин ле Пен освои 21,53 проценти од гласовите во првиот круг од претседателските избори во Франција, покажуваат конечните резултати, пријавени од француското Министерство за внатрешни работи.
Трет е конзервативецот Франсоа Фијон со 19,91 процент, потоа кандидатот на крајната левица Жан-Лук Меланшон со 19, 64 отсото од гласовите, стои во соопштението на француското МВР.



Излезеноста на изборите е околу 77 отсто, односно пред гласачките кутии не се појавија само 23 отсто од гласачите, што е повеќе во споредба со 2012 година, кога не гласаа 18,63 од гласачите.

Беноа Хамон беше првиот од канидатите, кој го призна поразот, оценувајќи го како легитимна казна за Социјалистичката партија, која е на власт од 2012 година. Според Хамон, елиминарање на левицата од страна на крајната десница е морален пораз за земјата и за левицата. Тој повика да се гласа за Емануел Макрон, за кој рече дека не и припаѓа на левицата.

Добар дел од апаратот на Социјалистичката партија, центарот но и на Републикаците го поддржува Емануел Макрон, односно повеќе личности од редовите на Републиканците повикаа да се гласа за Макрон или против Марин Ле Пен.

Макрон, кој во политиката беше ланисран од Франсоа Оланд, до пред две години беше целосно непознат за јавноста. Ова се први избори на кои се појавува како кандидат, и како што стојат нештата, тој ќе биде новиот претседател на Франција.

На 7 мај, кога ќе биде одржан вториот круг на претседателските избори во Франција, каде ќе биде одлучено кој е новиот претседател на земјата, ќе се натпреваруваат кандидатите што ги освоија првите две места во првиот круг, Макрон и Ле Пен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...