Пролетна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Стразбур, 24 април 2017 (МИА) - Функционирањето на демократските институции во Турција ќе биде во фокусот на пролетната пленарна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) што ќе се одржи во Стразбур од 24-28 април 2017 година, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Меѓу другите теми за кои ќе расправаат претставниците на парламентите на 457 земји членки на Советот на Европа се и дебатата за состојбата на човековите права во Северен Кавказ, на зголемувањето на нееднаквоста во приходите, како и заштитата на жените бегалци од родово насилство.
Пред ПССЕ ќе се обрати и Неговото Височество Кралот на Шпанија и претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос.
Комесарот за човекови права, Нилс Муижниекс, пред паневропскта асамблеја ќе го претстави својот годишен извештај за активности за 2016 година, додека Торбјорн Јагланд, генералниот секретар на Советот на Европа, ќе одговара на прашања од пратениците, а во својство на претседавач со Комитетот на министрите ќе зборува и министерот за европски прашања на Кипар, Јоанис Касулидес.
На сесијата ќе се дискутира и за 25 години на Комитетот за спречување на тортурата со темата: напредок и подобрувања., потоа пренасочување на системот Интерпол: потребата за построги законски гаранции и Заштита на правата на родителите и децата кои им припаѓаат на верските малцинства.
Поднесени се и барања за итни дебати за „Политичките последици од новиот израелски закон за регулирање на колониите", како и за „Опасноста за европските вредности: како да се соочиме со порастот на популизмот, ксенофобијата, антисемитизмот и исламофобијата во Европа. Во овој контекст ќе се зборува на сесијата, но и на маргините на сесијата за последните изборни резултати во Европа, посебно Франција. каде претставникот на крајно десниот Национален Фронт освои рекорден број на гласови и се наоѓа во вториот круг на претседателските избори.
На пролетната сесија повторно ќе биде остсутна македонската парламентарна делегација, која се уште не е составена по изборите во декември 2016 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...