Светските медиуми за првиот круг од претседателските избори во Франција

Париз, 24 април 2017 (МИА) - Резултатите од првиот круг од претседателските избори во Франција се „одраз на политичката поделеност на земјата“, објави британскиот весник „Гардијан“, додека „Тајмс“ констатира дека француската „елита е понижена“.
- Закана од екстремната десница во Франција и натаму постои, пишува „Гардијан“, истакнувајќи дека Емануел Макрон е „најдобра надеж за оваа исклучителна земја, оптоварена со проблеми“.
„Фигаро“ под насловот „Нокаут за десницата“ се фокусира на неуспехот на Франсоа Фијон, а „Либерасион“ очекува дека Макрон е се поблиску до функцијата претседател.
„Фајненшл тајмс“ предвидува дека на 7 мај, кога се одржува вториот круг, ќе биде денот на „крунисување“ на Макрон.
Под насловот „Поделена Франција“’, германскиот „ФАЗ“ укажува дека повеќе од 40 отсто од гласачите им дале доверба на крајната десница или крајната левица.
„Шпигл“ објавува наслов „Желбата на Франција за обнова“ и исто така се занимава со високиот процент гласови, кои отишле на партиите, кои се против естаблишментот. Сепак германскиот неделник предвидува победа на Макрон.
Полскиот „Газета виборча“ изразува олеснување што шансите за излегување на Франција од ЕУ се намалиле, откако анкетите предвидуваат дека Макрон во вториот круг ќе ја победи Ле Пен.
- ЕУ треба да преживее развод од Британија, кој само што почна. Но Фрегзит би го погребал европскиот проект, тоа е она што лидерот на Националниот фронт, Марин ле Пен го најави, наведува полскиот весник.
Шпанскиот „Паис“ во воведниот дел под насловот „Надеж за Макрон“ нагласува дека успехот на младиот центрист „укажува на патот, што треба да го следат традиционалните партии ако сакаат повторно да се поврзат со своите гласачи“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...