Јункер му честитал на Макрон, бидејќи ги претставувал европските вредности

Брисел, 24 април 2017 (МИА) - Европската комисија изминатиот период ги прекрши сите правила и морални обврски од немешање во внатрешно-политички односи во било-која држава, вклучително и земја-членка на Европската унија, отворено поддржувајќи го Емануел Макрон на претседателските избори во Франција, па дури синоќа и челникот на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер, дури и му честиташе на победата на Макрон, иако останува уште еден круг од изборите во Француската Република.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, портпаролот на ЕК, Маргаритис Схинас, денеска го правдаше мешањето на неформалната Влада на Унијата во француските избори со тоа што на истите и покрај 11-те кандидати, само еден, а во случајот Макрон, ги претставувал европските вредности за кои и официјален Брисел се бори.
- Во вторникот веќе објаснив дека Франција е централен столб на ЕУ, една од оснивачки земји и една од земјите што ги симболизира вредностите на кои е базирана европската интеграција. Јункер му честиташе на Макрон за победата на првиот круг, бидјеќи тој е кандидат кој ги претставува вредностите за кои се залагаме и тоа го покажа во својата кампања. Тоа беше избор и затоа Јункер кажа што кажа. Синоќа, изборот беше меѓу бранење на тоа што го претставува Европа и друга опција што сака да ја уништи Европа. Значи, изборот беше едноставен и затоа претстедателот избра да му честита на кандидатот што ја застапува про-европската опција - образложи портпаролот Схинас.
Според гласноговорникот на Комисијата, Жан-Клод Јункер не е кандидат за претседател на Франција, туку двајца луѓе кои ќе ги соочат аргументите пред вториот круг. Што се однесува до ЕК, според Схинас, посакувана е дебата за Европа на преостанатите двајца кандидати за претседател на Франција. Тој потсети дека Брисел не е дел од кампањата, но дека има бројни алатки на располагање за разбивање на евро-митовите, ако има потреба од тоа. Пришината е што вториот кандидат на изборите за претседател на Франција, Марин Ле Пен од Националниот Фронт, преставува евроскептицизам и сака Франција да ја напушти Еврозоната и Европската унија.
На прашањето дали Еврокомисијата ќе се вмеша и ќе заземе страна и на парламентарните избори во Велика Британија кои ќе се одржат во јуни, со оглед на тоа што и таму ќе се бранат и напаѓаат европските вредности како во Франција, портпаролот на ЕК одговори негативно.
- Во контекст на француската претседателска кампања, немаше многу избор. Едноставен беше изборот. Тие што го бранеа она за што Европа се залага и оние што сакаат уништување на Европа. Кога изборот е таков, Јункер, кој мина 35 години од животот бранејќи врендости на Европа, имаше очигледен избор. Изборите во Велика Британија се можност за Британците да одлучат кој сакаат да ги води следните пет години. Тоа не е на Брисел, на Европа, туку на граѓаните на Британија - одговори Маргаритис Схинас.
Уште еднаш запрашан зошто ЕК ги прекрши сопствените правила и се вмеша директно во француските претседателски избори и зошто уште по првиот круг, кога нема официјален побендик, Жан-Клод Јункер му честитал на „победникот“, портпаролот на неформалната Влада на ЕУ со одговор:
- Влоговите беа високи, основен беше изборот и сигурен сум дека ако Јункер не сакаше да честита синоќа на победникот, денеска дискусијата ќе беше зошто само ние не честитавме, кога сите тоа го сторија. Изборите не се завршени, но основниот избор е се уште идентичен. Имаше многу кандидати, но имаше само еден избор! - заклучи гласноговорникот на Европската комисија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...