Лавров: Русија планира целосно обновување на соработката со ЕУ

Москва, 24 април 2017 (МИА) - Русија планира целосно да ја обнови соработката со Европската Унија, најголемиот трговско-економски партнер на федерацијата, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на средбата со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, пренесе ТАСС.
- Повеќепати ја изразувавме принципиелната подготвеност за нормализирање на односите, со темпо што ќе биде прифатливо за ЕУ, кажа Лавров.
Москва ја повикува ЕУ да се фокусира врз заедничките реални закани, а не врз измислените безбедносни ризици, додаде Лавров.
Тој и заблагодари на надворешнополитичката служба на ЕУ за изразите на сочуство, што беа упатени по повод неодамнешниот терористички напад во Санкт Петербург.
- ЕУ има интерес да соработува со Русија во борбата со тероризмот, каде двете страни имаат за решавање заеднички задачи, а, исто така, и да ја решат ситуацијата во Сирија и во Либија, изјави Могерини.
Таа забележа дека ЕУ е заинтересирана и за „положбата со Полуостровот Крим“.
- Имаме за разгледување широк круг од прашања, посочи првата европска дипломатка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...