Сирискиот режим одговорен за хемискиот напад, според француското разузнавање

Париз, 26 април 2017 (МИА) - Силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад извршиле напад со нервен гас сарин на почетокот на месецот во Сирија, а Асад или некој кој му е близок го наредил тоа, е заклучок на француските разузнавачки служби, пренесува БТА.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Еро изнесе делови од извештајот на разузнавачката служба за нападот на 4 април во Идлиб, во кој беа убиени 87 лица.
- Нема сомнение дека е употребен гас сарин. Исто така нема сомнение во врска со одговорноста на сирискиот режим со оглед на тоа на кој начин саринот е произведен, изјави Еро пред новинарите по претставувањето на извештајот на француските разузнавачки служби.
Извештајот на француското разузнавање е изготвен врз база на анализи на примероци.
- Тој овозможува да се утврди од сигурен извор дека процесот на производство на сарин, пронајден во примероците е типичен за методот, кој се применува во сириските лабораториите. Тој метод го носи белегот на режимот и ни дава за право да ја утврдиме неговата одговорност за тој напад, додаде Еро.
Организацијата за забрана на хемиско оружје на 19 април заклучи дека во нападот во Сирија бил употребен сарин. САД, Велика Британија, Турција и Франција дојдоа до истиот заклучок.
- Можеме да потврдиме дека саринот, кој е употребен на 4 април е истиот сарин, како оној, кој беше употребен во нападот во Саракеб на 29 парил 2013, додаде Еро.
И во двата случаи е пронајден хексамин, кој е стабилизатор.
- Тој процес на производство е разработен од Центарот за научни истражувања на Сирија во корист на сирискиот режим, се вели во извештајот на француското разузнавање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...